Претседателот Ердоган им се обрати на пратениците во Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Ердоган истакна дека денеска уште еднаш се прогласува до целиот свет вечното братство помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кое ја добива својата сила од крвта на шехидите (паднатите борци)

1677533
Претседателот Ердоган им се обрати на пратениците во Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по повод одбележувањето на 47. годишнина од Мировната операција на Кипар им се обрати на пратениците на специјалната седница во Републичкото Собрание.

Претседателот Ердоган истакна дека денеска уште еднаш се прогласува до целиот свет вечното братство помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кое ја добива својата сила од крвта на шехидите (паднатите борци).

Велејќи дека денеска овде не се споделува само едно заедничко возбудување, една заедничка гордост на народот, претседателот Ердоган рече: „Денеска, уште еднаш го прогласуваме до целиот свет нашето вечно братство, помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), кое ја добива својата сила од крвта на шехидите (паднатите борци).“

Ердоган нагласи дека Кипарската кауза со нејзината историја, совест, борба и епот за јунаштво што го напиша во 1974 година е кауза на еден голем народ и го рече следното: „Сопственикот на Кипарската кауза, со нејзината мала татковина, со нејзината татковина, е целиот голем турски народ.“

Тој појасни дека кипарските Грци кои со посредство на терористичката организација ЕОКА не се воздржуваа од посегнување по честа, животот и имотот на своите соседи Турци и дека никогаш не ги сметаа кипарските Турци за свои еднакви партнери.

„И покрај тоа што средината на единство, заедништво и братство којашто ја пезентираме ние овде вознемирува некои во САД, ние ќе чекориме по овој пат со одлучност.“ - порача Ердоган и напомена дека историјата и стекнатите искуства со болки во овој процес отворено и јасно ги научија сите дека кипарско-грчката страна нема намера за формирање на одредена партнерска држава.

Претседателот Ердоган нагласи дека праведното, трајно и одржливо решение на Кипар е можно само со приод што ќе се заснова на вистините на островот.

Во врска со ставот на кипарско-грчката страна на Кипарските преговори пак, Ердоган го рече следното: „Веќе не е можно ние да им веруваме на овие (кипарските Грци) и со тоа да изгубиме уште 50 години.“

Нагласувајќи дека Турција дава целосна поддршка на доставениот предлог од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во швајцарскиот град Женева, Ердоган рече: „Нема и не можеме да направиме отстапка.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Републичкото Собрание ја даде и радосната вест дека се завршени проекциите на чекорот за изградба на претседателската палата „Куллијето“ (комплексот од градби) на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека наскоро ќе започнат и работите за изградба.

Претседателот Ердоган соопшти дека на површина од 500 хектари во областа Метехан во Лефкоша освен комплекси од градби меѓу кои се наоѓа и зградата на Парламентот, воедно ќе биде изградена и Народна градина.

 



Слични вести