Турција го осуди Израел од чија страна се понижува човечкото достоинство на Палестинците

Во објавеното соопштение од МНР се истакнува следното: „Го осудуваме притворањето на некои Палестинци меѓу кои се наоѓаа деца и жени од страна на израелските безбедносни сили во придружба на снимки со кои се понижува нивното човечко достоинство“

1677019
Турција го осуди Израел од чија страна се понижува човечкото достоинство на Палестинците

Турција го осуди притворањето на Палестинците од страна на израелската полиција во придружба на снимки со кои се понижува нивното човечко достоинство.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Го осудуваме притворањето на некои Палестинци меѓу кои се наоѓаа деца и жени од страна на израелските безбедносни сили во придружба на снимки со кои се понижува нивното човечко достоинство.“

„Го осудуваме тоа што израелските безбедносни сили утрово (18 јули) прекрпувајќи ја уште еднаш светоста на Харем-и Шериф им дозволија на расистичките еврејски групи да упаднат во Месџид-и Акса, интервенираа со звучни бомби врз палестинските цивили кои го извршуваа својот верски обред и во придружба на снимки со кои се понижува нивното човечко достоинство ги притворија палестинските цивили меѓу кои се наоѓаа и жени и деца.

Крајно е значајно тоа што продолжуваат овие видови провокации во оваа средина во која сѐ уште е свежа во мемориите средината на затегнатост, тензичност и судир што се појави во целиот регион по нападите коишто ги реализира Израел врз Месџид-и Акса за време на минатиот Рамазан Бајрам.

Го повторуваме нашиот повик до израелската Влада за што поскоро ставање крај на наведените провокативни акции и напади.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести