Реакција од Турција на одлуката на Европскиот суд на правдата за забрана за носење превез (хиџаб) на работно место

Министерството за надворешни работи соопшти дека со донесената одлука од страна на Европскиот суд на правдата во врска со забраната за носење превез (хиџаб) на вработените во две компании во Германија, отворено се прекршува слободата на религијата

1677040
Реакција од Турција на одлуката на Европскиот суд на правдата за забрана за носење превез (хиџаб) на работно место

Турција покажа реакција на одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со забраната за носење превез (хиџаб) на работно место.

Во објавеното писмено соопштение на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со последната донесена одлука од страна на Европскиот суд на правдата (ЕСП) во врска со забраната за носење превез (хиџаб) на вработените во две компании во Германија, отворено се прекршува слободата на религијата.

Во соопштението се вели дека „Одлуката претставува нов пример на обидите да им се придаде институционален и правен карактер на исламофобијата и на нетолеранцијата кон муслиманите во Европа“, а воедно се изнесуваат и расистичките и диксриминаторските ставови на коишто се подложени муслиманите во Европа.

Ја осудуваме оваа одлука која е законски и совесно погрешна и опасна поради тоа што ќе ја поттикне исламофобијата“, се наведува во ова соопштение.

„Во период кога постепено се во подем исламофобијата, расизмот и отровот на омразата, оваа одлука на Европскиот суд на правдата (ЕСП) онака како што ја игнорира (смета за ништовна) слободата на религијата, е во својство да ја подготви основата и на дискриминацијата и да и придаде правно покритие. Ја осудуваме оваа одлука којашто правно и совесно е погрешна и е опасна од аспект на разгорување на исламофобијата.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Инаку, Европскиот суд на правдата (ЕСП) во четвртокот донесе одлука во врска со тужбите на две муслимански жени во Германија кои поради тоа што носеле превез (хиџаб) биле отпуштени од работа.

Притоа судот донесе одлука дека компаниите во земјите членки на Европската унија (ЕУ) „во одредени услови“ можат да им забранат на вработените да носат превез (хиџаб).

 



Слични вести