Омер Челик: Одлуката на Европскиот суд на правдата значи прекршување на верските слободи

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик истакна дека одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) за забрана за носење превез (хиџаб) на две жени муслиманки во две одделни компании во Германија претставува прекршување на верските слободи

1677063
Омер Челик: Одлуката на Европскиот суд на правдата значи прекршување на верските слободи

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) за забрана за носење превез (хиџаб) на две вработени муслимански жени во две одделни компании во Германија.

Челик одлуката за којашто станува збор ја оцени како став со кој се прекршуваат верските слободи.

Тој рече: „Оваа одлука ќе ги охрабри средините кои гајат предрасуди кон муслиманите и исламофобичните средини непријателски настроени кон странците во Европа.“

Велејќи дека одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) не се истоветува со основните права и слободи, Омер Челик го истакна следното: „Ограничувачките коментари ќе предизвикат враќање назад од демократските вредности.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик во продолжение го додаде следното: „Тоа што оваа одлука на Европскиот суд на правдата (ЕСП) се совпаѓа со период кога расте дискриминацијата којашто се применува кон муслиманските жени во Европа пак, е уште поголема несреќа. Оваа одлука претставува нанесен удар врз борбата против расизмот и непријателството кон исламот.“

 



Слични вести