Уште 5 терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пат на убедување се предадоа уште 5 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1676830
Уште 5 терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

По пат на убедување се предадоа уште 5 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи (МВР), продолжува процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во тие рамки, како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на Генералната команда на жандармеријата и Генералната дирекција на полицијата под кординација на Министерството за внатрешни работи уште 5 мина терористи кои избегале од терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Како што е установено предадените терористи и се приклучиле на терористичката организација во периодот од 2009 до 2015 година и делуваме во Ирак, Иран и Сирија.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа како резултат на активностите за убедување во текот на 2021 година се зголеми на 107.



Слични вести