Претседателот Ердоган: Радосната вест на Северен Кипар сакам да му ја дадам таму во Парламентот

Претседателот Ердоган информира дека на 19 јули, во понеделник ќе отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека оттука ќе му даде една нова радосна вест на Северен Кипар

1676404
Претседателот Ердоган: Радосната вест на Северен Кипар сакам да му ја дадам таму во Парламентот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по клањање на џума намаз (петочната молитва) во Џамијата Ајасофија во Истанбул се појави пред камерите и даде изјава за претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган информира дека на 19 јули, во понеделник ќе отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека оттука ќе му даде една нова радосна вест на Северен Кипар.

Велејќи дека во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе отпатува со многучлена делегација и дека првиот ден од оваа посета ќе има обраќање пред пратениците во Републичкото Собрание, Ердоган рече: „Освен тоа, радосната вест на Северен Кипар сакам да му ја дадам повторно таму, во Собранието. Направивме еден многу убав чекор. Ги завршивме прелиминарните работи.“

Претседателот Ердоган напомена дека воедно во вторникот ќе учествува на церемониите на 20 јули Празникот на мирот и слободата коишто се одржуваат секоја година. 

Тој рече: „Се надевам дека на овогодишните церемонии на најубав начин ќе испратиме пораки за воспоставување на светскиот мир, како до островот така и до целиот свет. заедно со овие пораки имаме билатерална средба  помеѓу претседателите. Имаме разговори помеѓу делегациите. На тој начин ќе го доведеме во продуктивна состојба ова патување.“

Во врска со катастрофата од поплавите во Германија, претседателот Ердоган истакна дека постојат информации во правец на тоа дека димензијата на катастрофата е многу голема, а воедно информира дека и во катастрофата од поплави во градот Ризе животите ги загубија 6 лица, а две лица се водат како исчезнати.

Појаснувајќи дека во Ризе се испратени тројца министри, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за шивотна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кои направија увид на лице место и дека тој лично постојано е во контакт со нив, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Моментално ги следиме случувањата, секако ќе направиме се што е неопходно со сите наши можности.“

 



Слични вести