Портпаролот Ибрахим Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан

Во телефонскиот разговор беше разгледан текот на билатералните односи, а беше направена проценка и на случувањата во Сирија, Авганистан, Источниот Медитеран и на Кипар

1676569
Портпаролот Ибрахим Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калинм оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан.

Во телефонскиот разговор беше разгледан текот на билатералните односи, а беше направена проценка и на случувањата во Сирија, Авганистан, Источниот Медитеран и на Кипар.

Калин и Саливан постигнаа согласност по прашањето на продолжување на конструктивната и стратешката соработка по остварената позитивна средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на маргините на Самитот на НАТО на 14 јуни.

Како што се истакнува, Турција е одлучна да ги продолжи напорите во соработка со меѓународната заедница за воспоставување на мирот и стабилноста во однос на регионални и глобални прашања.  

 



Слични вести