Порака со сочувство од Турција до Германија за жртвите во поплавите

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за повеќе од 40 загинати лица и над 70 лица кои се водат како исчезнати во катастрофата од поплави во западните делови на Германија

1676017
Порака со сочувство од Турција до Германија за жртвите во поплавите

 Турција објави порака со сочувство за лицата кои ги загубија животите во поплавите и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во западните делови на Германија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за повеќе од 40 загинати лица и над 70 лица кои се водат како исчезнати во катастрофата од поплави во западните делови на Германија.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите, народот на Сојузна Република Германија и Владата, посакуваме што поскоро да бидат спасени живи лицата кои се водат како исчезнати, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во поплавите и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во покраините Рајланд-Пфлац и Северна Рајна-Вестфалија во западните делови на Германија се зголеми на 42 лица.

Како што се истакнува поради поплавите и надојдените води во голем број области во двете покраини се срушени голем број куќи, улиците и патиштата се преплавени и голем број куќи се соочуваат со опасност од рушење.

Во тек се активностите за пребарување и спасување.



Слични вести