Организирани стражи за чување на демократијата насекаде низ Турција

Илјадници граѓани со знамиња во рацете учествуваа на програмите и манифестациите на плоштадите во градовите ширум Турција

1676105
Организирани стражи за чување на демократијата насекаде низ Турција

На одбележувањето на 5. годишнина од предавничкиот обид за пуч на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), на 15 јули 2016 година, синоќа насекаде низ Турција беше држена стража за чување на демократијата.

Илјадници граѓани со знамиња во рацете учествуваа на програмите и манифестациите на плоштадите во градовите ширум Турција.

На 5. годишнина од обидот за пуч беше држена стража за чување на демократијата и на Плоштадот на националното единство 15 јули Кизилај во главниот град Анкара.

Инаку, Плоштадот на националното единство 15 јули Кизилај беше едниот од плоштадите кадешто за време на обидот за пуч на ФЕТО граѓаните застанаа и се испречија против пучистите.

Во рамките на манифестациите беше одржана комеморативна програма и во единиците за специјални операции во Ѓолбаши, во Анкара, а во чест на сеќавање на 51 полицаец кои станаа шехиди (загинаа) за време на извршениот напад од страна на пучистите.

Од страна на Општината Алтинова во градот Јалова беше одржан марш со 600 метри долго турско знаме.

Синоќа во 00:13 часот по полноќ по турско време од сите џамии во Турција беа читани молитви „села“ коишто ноќта за време на предавничкиот обид за пуч станаа симбол на единството и заедништвото. 

Висечкиот мост над Истанбулскиот морски теснец (Босфорот) „Јавуз Султан Селим“ по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, синоќа беше осветлен во црвено-бело, боите на турското знаме.

На Кулата за контрола на летањето на Истанбулскиот Аеродром исто така беше проектирано турското знаме.

Кулата Галата и Ајасофја-и Кебир Џамии Шерифи (Големата Џамија Аја Софија) беа осветлени со специјални визуелни слики по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство.

 



Слични вести