Изложба во Штабот на НАТО во Брисел по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство

На отворањето на изложбата учествуваа постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк, помошничката на генералниот секретар на НАТО Баиба Браже, постојаните претставници на некои земји членки на НАТО, функционери на Турција и НАТО

1676515
Изложба во Штабот на НАТО во Брисел по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство
nato 15 temmuz sergi.jpg
nato 15 temmuz sergi.jpg

Во Штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел е отворена изложба  по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство.

На отворањето на изложбата учествуваа постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк, помошничката на генералниот секретар на НАТО Баиба Браже, постојаните претставници на некои земји членки на НАТО, функционери од турската воена и дипломатска делегација и функционери на НАТО.

Постојаниот претставник на Турција во НАТО амбасадорот Басат Озтурк во говорот што го одржа на отворањето на изложбата во организација на Постојаното претставништво на Турција во НАТО, истакна дека оваа изложба е организирана за да се држи свежо во мемориите обидот за пуч на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година. 

Амбасадорот Басат Озтурк рече дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е од првите лидери кои го осудија обидот за пуч и кој покажа солидарност со Турција, а воедно напомена дека Столтенберг по обидот за пуч допатува во Анкара кадешто го посети и  Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кое беше бомбардирано од страна на пучистите.



Слични вести