Церемонија по повод 15 јули во Постојаното претставништво на Турција во ЕУ

Постојаниот претставник на Турција во ЕУ амбасадорот Мехмет Кемал Бозај истакна дека борбата што ја водеше турскиот народ против обидот за пуч на предавничката ФЕТО претставува показател за вербата и оданоста на Турција кон демократијата

1675996
Церемонија по повод 15 јули во Постојаното претставништво на Турција во ЕУ

Во Постојаното претставништво на Турција во Европската унија (ЕУ) се одржа церемонија по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство.

Постојаниот претставник на Турција во ЕУ амбасадорот Мехмет Кемал Бозај во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека борбата што ја водеше турскиот народ против обидот за пуч на предавничката Фетулахистичка терористичката организација (ФЕТО) во 2016 година претставува показател за вербата и оданоста на Турција кон демократијата.

Тој рече: „Великиот турски народ на 15 јули покажа дека како што се вели во стиховите на нашата химна за независност, 'ниту еден луд, ниту еден прадвник не може да му постави синџири на неговата слободна волја', ниту со тенкови, ниту со авиони.“

Велејќи дека Турција треба да напредува кон нејзините цели за 2023, 2053 и 2071 година, за да не би се осмелил никој уште еднаш да изврши предавство како ФЕТО, постојаниот претставник на Турција во Европската унија (ЕУ) амбасадорот Мехмет Кемал Бозај го рече следното: „За регионален и глобален мир, за правда и за просперитет треба да ги постигнеме овие наши цели, мобилизирајќи ги притоа сите наши можности за да го заземе Турција своето место коешто го заслужува во глобалното, политичкото и економското структуирање.“

 



Слични вести