Собаџи: „Ќе продолжиме да го објаснуваме 15-ти јули“

Изјавата на господинот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој рече: „Јас не запознав ниту една моќ над моќта на нацијата“, во таа темна и брановита ноќ се рашири низ целата наша земја и всушност станаа зборови што ја донесоа светлината

1675852
Собаџи: „Ќе продолжиме да го објаснуваме 15-ти јули“

Генералниот директор на Турската радио-телевизиска корпорација (ТРТ) проф. д-р Мехмет Захид Собаџи рече дека ќе продолжат да го одбележуваат 15 јули, Денот на демократијата и националното единство со публикации и да ја објаснуваат оваа борба на сите платформи.

Генералната дирекција на ТРТ по повод 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство во дворот на Генералната дирекција одржа комеморација.

Комеморативната програма започна со читање молитви и делови од светата книга Куран-и Керим од страна на Омер Фарук Ѓунеј, на интерпретатор на ТРТ.

Генералниот директор на ТРТ, Собачи во говорот во оваа прилика рече дека пред 5 години денес, сите заедно ја напишале најголемата епоха на демократијата во 21 век (победата над обидот за воен удар на терористичката организација Фетулах (ФЕТО)) и дека на целиот свет гласно му беше соопштено дека Турција не може да се помине.

Истакнувајќи дека на целиот свет му беше покажано како една нација, кога поединците, еден по еден, може да создаде чудо кога ќе се соберат, Собаџи рече: „Изјавата на господинот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој рече: „Јас не запознав ниту една моќ над моќта на нацијата“, во таа темна и брановита ноќ се рашири низ целата наша земја и всушност станаа зборови што ја донесоа светлината. Овој народ, со своите млади, стари, жени, мажи, напиша еп против предавничка банда која се обиде да ја засенчи волјата на нацијата. Турската нација со голи раце, по цена на нејзината крв, покажа голема волја за заштита на демократијата и независноста. Да не заборавиме дека има само една земја на светот којашто ја брани својата демократија со својата душа. Тоа е Турција“.

Собаџи изјави дека таа вечер на ТРТ и беше предаден голем аманет и дека ТРТ, најкоренитата радиодифузна организација во Турција, мора да го сочува овој аманет“.

Генералниот директор на ТРТ, Собаџи во продолжение рече: „ 15 јули, Денот на демократијата и националното единство ќе продолжиме да го одбележуваме со преноси и емисии и да ја објаснуваме оваа борба на сите платформи. Ова е нашата најосновна мисија, најсуштинска одговорност, долг кон жртвите. Ова не е луксуз, тоа е обврска, одговорност и долг. Темното лице на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО треба да му го објасниме на целиот свет. Овој долг мора да го исполниме на најсилен и најсилен можен начин“.

На комеморацијата исто така присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ТРТ, проф. д-р Ахмет Албајрак и членовите на Управниот одбор на ТРТ.



Слични вести