Претседателот Ердоган на програмата по повод 15 јули им се обрати на блиските на шехидите и газиите

Претседателот Ердоган на блиските на шехидите и газиите ким се обрати со зборовите: „Благодарение на нашите јунаци кои на 15 јули излегоа на улиците, ги преплавија улицата и ги гонеа пучистите, уште еднаш се виде дека Турција не може да се премине“

1676014
Претседателот Ердоган на програмата по повод 15 јули им се обрати на блиските на шехидите и газиите

Претседателот Ердоган на приредената програма во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, по повод 15 јули 5. годишнина од предавничкиот обид за пуч на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) им се обрати на блиските на шехидите (загинатите) и на газиите.

Претседателот Ердоган рече: „Ќе продолжиме да бидеме во готовс (будни) против сите терористички организации, а пред се против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), сите видови средини на раздор и зло, за да не би била Турција повторно подложена на слични предавства. Благодарение на нашите јунаци кои на 15 јули излегоа на улиците, ги преплавија улицата и ги гонеа пучистите, уште еднаш се виде дека Турција не може да се премине.“

Велејќи „овој народ нема да го опрости предавството, нема да им опрости и на предавниците и на оние кои стојат зад предавниците“, Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „По секоја цена нашата борба ќе продолжи се додека не биде неутрализиран, не ја издржи својата казна и последниот припадник на ФЕТО, се додека ФЕТО не отпадне од дневниот ред на земјата и на народот. Нема ниту опростување ниту толеранција за оние кои го вперија оружјето кон народот, ја пролеаја крвта на народот, кои посегнуваат по знамето и езанот на народот, кои ја зацрнуваат иднината на народот.“



Слични вести