Ердоган: „Турција не може да се помине“

Ние сме нација која вложува големи напори, свесни дека треба да работиме без здив и постепено зајакнува во сите полиња

1675978
Ердоган: „Турција не може да се помине“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со видео објава ги одбележа јунаците од 15 јули.

Претседателот Ердоган, на својот профил на социјалните мрежи со ознака „Турција не може да се помине“ истакна:

„Со милост и благодарност се сеќаваме на сите наши херои кои по цена на своите животи им одржаа лекција на предавниците, а кои на 15 јули се обидоа нашата земја да ја земат во заробеништво. Знамето не може да се симне! Гласот на езанот не може да се запре!“

Во видеото коешто претседателот Ердоган го објави на својата објава и во кое беа вклучени анимациски слики, беше истакнато следното:

„Чанакале не може да се помине. Турскиот војник (Мехметчик) кој храбро се спротистави на куршумите за да ја заштити својата татковина и независност, не може да да умре. Вашата храброст е непробојна, нацијата којашто на 15 јули на раскрсницата на два континенти, со голи раце и храбро излезе во пресрет на куршумите на предавниците не може да се се победи, обединетата нација е неделива. Ние сме нација која вложува големи напори, свесни дека треба да работиме без здив и постепено зајакнува во сите полиња, од одбраната до технологијата, од енергијата до здравјето.

Сината татковина не може да се помине. Не може да се спречи присуството на бродовите Оруч Реис, Барбарос и Тургут Реис кои напишаа епови во сините води. Источниот Медитеран не може да се помине. Не може да се поминат напорите за солидарност и помош на турската полумесечина која продолжува да подава рака на сиромашните, којашто го осветлува секое место каде што достигнува. Не може да се помине турската младина, чија иднина е во небото, чекори со непоколеблива решеност кон новото и подобро во секој момент. Благородната турска нација, која знае дека вистинската моќ доаѓа од единството, не може да се победи. Турција е татковина на нацијата која со стотици години е вљубена во своето знаме и земја. Турција не може да се помине.



Слични вести