Ердоган: Ја побаравме, ќе продолжиме да ја бараме сметката за 15 јули од сите предавници

Претседателот Ердоган по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство рече: „Од сите предавници кои ги фативме и кои ги утврдивме ја побаравме, ќе продолжиме да ја бараме сметката за оваа подлост (обидот за пуч на 15 јули)“

1675991
Ердоган: Ја побаравме, ќе продолжиме да ја бараме сметката за 15 јули од сите предавници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање до нацијата по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство истакна дека ја побарале и ќе продолжат да ја бараат сметката за обидот за пуч на 15 јули (2016 година), од сите предавници.

Тој рече: „Од сите предавници кои ги фативме и кои ги утврдивме ја побаравме, ќе продолжиме да ја бараме сметката за оваа подлост (обидот за пуч на 15 јули).“

Нагласувајќи дека нема да го заборават извршеното предавство кон Турција и турскиот народ, претседателот Ердоган рече: „Секоја единка на нашиот народ, сеќавајќи се на ова предавство на кое му нема слично, со генерации уште поцврсто ќе се приклештат и ќе застанат во одбрана на нашата независност и иднина. Овој обид за пуч, го зазеде своето место во нашата историја како документ за лош пример.“

Ердоган напомена дека целта на сценаријата коишто се стават во оптек преку различни терористички организации, е да се принуди Турција да потклекне, да се зароби турскиот народ и да се ограбат неговите територии, но истакна дека оние кои им се закануваат на нашите територии искористувајќи ги терористичките организации, не можат да разберат дека со ова што го прават всушност го зацрвстуваат нашето братство.

„Не успеаја вчера (во минатото), не успеаја денеска, Иншаллах (со Аллахова помош и дозвола) не ќе можат да успеат и утре (во иднина), не ќе можат да ја спречат изградбата на голема и силна Турција. Господ да не дозволи уште еднаш да доживееме предавства слични со 15 јули.“

 



Слични вести