Ердоган: „15-ти јули е името на победата на правото над погрешното, правдата над угнетувањето

Историјата со златни букви ќе ја забележи оваа солидарност прикажана под покривот на собранието на нашите ветерани

1675825
Ердоган: „15-ти јули е името на победата на правото над погрешното, правдата над угнетувањето

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека 15 јули е името на победата на правото над лагата, правдата над угнетувањето, слободата над протерувањето на непријателот.

Претседателот Ердоган одржа говор на Комемотративната програма за жртвите на 15 јули во Големото национално собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган во говор рече:

„15 јули е победа на нацијата, на националната волја, на оние кои се залагаат за демократијата. 15 јули е името на победата на вистината над лагата, правдата над угнетувањето и слободата над протерувањето на непријателот. Нашата нација, со отпорот на 15 јули, го одби обидот за воен удар и го спречи обидот за инвазија и заземање на нашата земја. Оваа нација, младите и старите, сите заедно  уште еднаш на целиот свет му покажа дека Турција е не може да се помине“.

„Додека турската нација ја штитеше својата независности слобода на улиците, пратениците на нацијата цврсто ја бранеа демократијата и националната волја под овој свет покрив (Парламентот)“ рече Ердоган потенцирајќи:

„И покрај фрлените бомби врз нив, нашите пратеници не ја изневерија довербата на народот и не дозволија да падне аманетот на нацијата. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја изразам својата благодарност, како и благодарноста на нацијата и на мојата земја на сите пратеници кои таа вечер, надминувајќи ги сите препреки минувајќи ги тенковите, бурињата и поминувајќи пред цевките на вперените пушки, дојдоа пред Собранието и ја исполнија одговорноста пратеник на нацијата.

Историјата со златни букви ќе ја забележи оваа солидарност прикажана под покривот на собранието на нашите ветерани, исти како и другите херојста што се случија ноќта на 15 јули. Како што членовите на нашето Големо национално собрание, кои ја режираа и администрираа нашата војна за независност, и покрај тоа што помина еден век, сè уште се паметат со голема гордост, и водачите на борбата за подобра и посветла иднина на нова Турција, се надевам дека секогаш ќе бидат запаметени со благодарност“.



Слични вести