15 јули, Ден на демократијата и националното единство

Благодарение на одлучноста на народот, нашата држава успешно го спречи обидот за пуч

1675546
15 јули, Ден на демократијата и националното единство

Денес е 15 јули 2021 година.

Пред 5 години денес, на 15 јули 2016 година, Турција се соочи со предавнички обид за државен удар.

Терористичката организација ФЕТО, користејќи ги елементите што ги инфилтрира во турските вооружени сили, изврши предавнички напад против нашата држава и вредностите што ги претставува. Беа бомбардирани претседателскиот комплекс, Големото национално собрание на Турција. Многу јавни институции, вклучително и Турската радио и телевизиска корпорација, беше извршен обид за заземање од пучистите. На небото на Анкара и Истанбул, ни се закануваа со воени авиони, а на улиците со тенкови. Секако дека нашиот народ не остана рамнодушен на ваквата состојба. Со повикот на претседателот, илјадници наши граѓани излегоа на улиците и плоштадите за да го спречат обидот за државен удар, ги ставија своите животи пред тенковите и застанаа против огнот од хеликоптерите. Тоа беше исклучителен вид на отпор што го покажаа нашите граѓани за заштита на татковината, државата и демократијата. Благодарение на одлучноста на народот, нашата држава успешно го спречи обидот за пуч. За оваа цел, беа положени 251 жрвти,  стотици наши граѓани станаа ветерани. 15 јули стана симбол на Победата на демократијата. Ние ги чествуваме нашите жртви и бранители со благодарност и почит.



Слични вести