Претседателот Ердоган разговараше телефонски со кинескиот претседател Ши Џинпинг

Во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Џинпинг, беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Кина на чело со трговијата, инвестирањето, енергијата, транспортот и здравството, како и регионални случувања

1674869
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со кинескиот претседател Ши Џинпинг

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефоснки разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Џинпинг, беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат развиени односите помеѓу Турција и Кина на чело со трговијата, инвестирањето, енергијата, транспортот и здравството, како и регионални случувања.

Претседателот Ердоган, потсетувајќи дека оваа година се одбележува 50-годидшнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Турција и Кина и рече дека оваа значајна годишнина посакуваат да се прослави на начин што му доликува на коренитото пријателство помеѓу двете земји.

Укажувајќи дека помеѓу двете земји постои потенцијал за широка соработка во сите сфери на регионалната и глобалната економија и на дипломатијата, Ердоган нагласи дека исто така Заедничката работна група на високо ниво ќе ѝ придаде голем интензитет на соработката помеѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлече внимание на значењето од аспект на Турција, Турците Ујгури да живеат во просперитет, слобода и спокојство како рамноправни граѓани на Кина и додаде дека Турција го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.



Слични вести