Поранешниот републикански сенатор Џеф Флејк номиниран за нов амбасадор на САД во Турција

Поранешниот републикански сенатор Џеф Флејк соопшти дека од страна на претседателот Џо Бјаден е номиниран за нов амбасадор на САД во Турција

1674910
Поранешниот републикански сенатор Џеф Флејк номиниран за нов амбасадор на САД во Турција

Американскиот претседател Џо Бајден, за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Турција го номинира поранешниот републикански сенатор Џеф Флејк.

Флејк веста за номинирање на оваа должност ја соопшти на својот профил преку социјалната медија кадешто го напиша следното: „Кога ќе се земе во предвид стратешкото значење на односите на САД со Република Турција која е наш долгогодишен НАТО сојузник, чувствувам чест и гордост од довербата којашто ја има претседателот Бајден кон мене со моето номинирање за амбасадор.“

Нагласувајќи дека должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Турција претставува многу значајно наименување во значајно време и за двете земји, Џеф Флејк истакна дека со својата сопруга Шерл со нетрпение очекуваат да се запознаат со извонредните луѓе на Турција.“



Слични вести