Пораки од деловниот свет по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство

Претставниците на деловниот свет истакнаа дека турскиот народ против предавничкиот обид за пуч на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година зазеде став на страната на демократијата и дадоа пораки за национално единство

1675215
Пораки од деловниот свет по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство

Водечките претставници на деловниот свет во Турција дадоа изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ кадешто ги изнесоа своите проценки по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство.

Претставниците на деловниот свет истакнаа дека турскиот народ против предавничкиот обид за пуч на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година зазеде став на страната на демократијата и дадоа пораки за национално единство и заедништво.

Претседателот на Советот за за надворешно економски односи (ДЕИК) Наил Опак потсети дека точно пред 5  години турскиот народ стоеше исправено и зазеде заеднички став против предавничкиот обид за пуч на терористичката организација ФЕТО која сакаше да ја потопат во мрак Турција.

Opak,

Опак рече: „Како резултат на одлучноста што ја покажаа нашата држава и нашиот народ на чело со нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, уште еднаш му докажавме на целиот свет дека сувереноста безусловно му припаѓа на народот.“

Претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле истакна дека онака како што народот таа ноќ ниту за момент не помисли да се врати назад, истиот ден наутро и самите како извозници непоколебливо, неуморно ја продолжија борбата.

Претседателот на Истанбулската трговска комора (ИТО) Шекип Авдагич рече дека турскиот народ покажа дека е сопственик на својата држава и на својата земја и не им ја остави Турција на грст предавнички пучисти.

Претседателот на Управниот одбор на Истанбулската индустриска комора (ИСО) Ердал Бахчиван истакна дека исто како сите граѓани на оваа земја и индустријалците се испречија, застанаа и ќе се испречат и ќе застанат против недемократските предавнички обиди во Турција.

Претседателот на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) Абдуррахман Каан рече дека нема да се заборави и нема да се дозволи да се заборави предавништвото коешто го изврши ФЕТО со обидот за пуч на 15 јули.

Претседателот на Управниот одбор на Здружението на турските индустријалци и стопанственици (ТУСИАД) Симоне Касловски исто така истакна дека со почит и благодарност се сеќаваат на сите граѓани и безбедносните сили кои по цена на својот живот застанаа во одбрана на демократијата.

 



Слични вести