Министерот за национална одбрана Акар во Истанбул се состана со неговиот италијански колега Гуерини

На средбата помеѓу двајцата министри за одбрана, Хулуси Акар и Лоренцо Гуерини освен билатералните и регионални одбранбено безбедносни прашања, беа разгледани и најновите случувања во Авганистан, Либија и Источниот Медитеран

1674873
Министерот за национална одбрана Акар во Истанбул се состана со неговиот италијански колега Гуерини

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Истанбул се состана со италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини.

На средбата, освен билатералните и регионални одбранбено безбедносни прашања, беа разгледани и најновите случувања во Авганистан, Либија и Источниот Медитеран.

На средбата којашто помина конструктивно и позитивно, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги нагласи заедничките вредности и соработката помеѓу Турција и Италија, како две сојузнички земји на јужното крило на НАТО и во Медитеранот.

Акар уште еднаш истакна дека Турција е на страната на решавање на проблемите во Егејот и Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право, добрососедските односи и со дијалог.

Осврнувајќи се и на борбата против тероризмот, Хулуси Акар нагласи дека со елан и одлучност продолжува борбата против секој вид ризик, закана и опасност на чело со ДЕАШ, Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и ПКК/ЈПГ. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така напомена дека и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус Турција продолжува да обезбедува непрекинато придонес во НАТО, а воедно го подвлече и значењето коешто му се придава на развојот на соработката помеѓу Турција и Италија во сферата на одбранбената индустрија. 

 



Слични вести