Ердоган: Ќе ја следиме ФЕТО во чекор се додека не биде неутрализираниот нејзиниот последен член

Претседателот Ердоган истакна дека ќе продолжи да се следи во чекор Фетулахистичката терористичка органзиација (ФЕТО) се додека не биде неутрализиран нејзиниот последен припадник (член)

1675225
Ердоган: Ќе ја следиме ФЕТО во чекор се додека не биде неутрализираниот нејзиниот последен член

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган истакна дека онака како што се води без отстапки и со одлучност борбата против другите терористички организации, на ист начин ќе продолжи да се следи во чекор и Фетулахистичката терористичка органзиација (ФЕТО) се додека не биде неутрализиран нејзиниот последен член. 

Ердоган, потсетувајќи дека утре се одбележуваат 5 години од предавничкиот обид за пуч на 15 јули 2016 година, го рече следното: „Нашето Собрание таа ноќ со храбриот став уште еднаш покажа дека ја заслужува титулата Гази (Газија, ветеран). Јасно е дека сѐ уште има припадници (членови) на ФЕТО кои сакаат да ја нападнат нашата земја. Нема да им дозволиме и на оние кои го експлоатираат народот под рувото на религијата.“

Велејќи „Онака како што ја водиме нашата борба против другите терористички организации, на ист начин без отстапка и со одлучност ќе ја следиме во чекор и ФЕТО се додека не биде неутрализиран последниот нејзин припадник (член).“ - претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Безбедноста на нашата земја веќе започнува на местото кадешто постојат заканите, а не на нашите граници.“

 



Слични вести