Амбасадорот на Грција во Анкара Диамесис повикан во Министерството за надворешни работи

На грчкиот амбасадор во Анкара Мајкл-Христос Диамесис му беше доставен жестокиот протест во врска со лошиот третман со којшто се соочи фудбалската екипа Галатасарај на Меѓународниот аеродром во Атина по што фудбалерите се вратија во земјата

1674864
Амбасадорот на Грција во Анкара Диамесис повикан во Министерството за надворешни работи

Амбасадорот на Грција во Анкара Мајкл-Христос Диамесис е повикан во Министерството за надворешни работи кадешто му беше врачен жестокиот протест поради презентираниот став против фудбалската екипа Галатасарај вчера на аеродромот во Атина.

Турската фудбалска екипа Галатасарај која завчера замина за Атина за одигрување пријателски натпревар со грчки Олимпијакос на аеродромот беше подложен на недоличен став од страна на грчките царински службеници и полицијата, по што вчера вечер амбасадорот на Грција во Анкара Мајкл-Христос Диамесис беше повикан во Министерството за надворшени работи.

На грчкиот амбасадор му беше доставено жестокиот протест во врска со лошиот третман со којшто се соочи фудбалската екипа Галатасарај на Меѓународниот аеродром во Атина по што фудбалерите се вратија во земјата.

Во протестната нота којашто и беше врачена на Грција се истакнува дека начинот на постапување со којшто се соочи фудбалската екипа на Галатасарај е во спротивност со правилата, дискриминаторски и далеку од пријателство.

Освен тоа беше побарано од Грција да ги преземе неопходните мерки за да не дојде до повторување на слично постапување кон спортските клубови кои во наредниот период ќе ја посетат оваа земја.



Слични вести