Предупредување од министерот Коџа во врска со делта варијантата и четвртиот бран на Ковид-19

Министерот Коџа нагласи дека постепено расте ширењето на делта варијантата на Ковид-19 којашто е забележана во Турција рече: „Достигна до бројката од 750, бројот на градови се зголеми на 36. Делта плус продолжува во 3 града со регистрирани 3 случаи“

1674741
Предупредување од министерот Коџа во врска со делта варијантата и четвртиот бран на Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа вчера одговараше на прашањата на новинарите.

Министерот Коџа нагласи дека постепено расте ширењето на делта варијантата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто е забележана во Турција рече: „Достигна до бројката од 750, бројот на градови се зголеми на 36. Делта плус продолжува во 3 града со регистрирани 3 случаи.“

Велејќи дека со полна брзина продолжува вакцинацијата во Турција, Коџа во врска со четвртиот бран на епидемијата којшто е забележан во некои земји го истакна следното: „Моментално нема таква состојба, но не значи дека нема да има. Четвртиот бран може да се спречи само со интензивна вакцинација и обезбедување на имунизација на општеството.

Откако ќе се обезбеди имунизација на општеството од 70 отсто па дури од 80 отсто, епидемијата ќе заврши или ќе се намали, во најмала рака животот ќе се врати во нормала.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа воедно во врска со набавката на вакцината „Спутник В“ („Sputnik V“) од која досега од Русија пристигнаа 400 илјади, го рече следното: „Нема да трае многу долго. По Бајрам очекуваме да пристигнат нови.“

 



Слични вести