Министерот Сојлу се состана со литванскиот министер за надворешни работи Ландсбергис

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и делегацијата во негова придружба, се состана во Координативниот центар за безбедност и итни состојби (ГАМЕР) во Анкара

1674841
Министерот Сојлу се состана со литванскиот министер за надворешни работи Ландсбергис

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу се состана со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Министерот Сојлу со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и делегацијата во негова придружба кои допатуваа во Турција за остварување на низа средби и разговори, се состана во Координативниот центар за безбедност и итни состојби (ГАМЕР) во Анкара.

По потпишувањето на спомен книгата, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го информира литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис во врска со Координативниот центар за безбедност и итни состојби (ГАМЕР).

По дадените снимки и фотографии за претставниците на печатот, меѓуделегациската средба продолжи зад затворени врати.

На средбата беа разгледани соработката по прашањата на безбедноста, миграцијата и борбата против криумчарењето.

 



Слични вести