Ердоган. „Турција е на пат да за влез во највисоката лига во светот“

Ние фрламе цврсти чекори напред во економијата на патот за изградба на голема и моќна Турција

1674394
Ердоган. „Турција е на пат да за влез во највисоката лига во светот“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција од политички и економски аспект е на пат да влезе во највисоката лига во светот.

По состанокот на претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган одржа прес-конференција

Осврнувајќи се на борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19)  Ердоган рече:

„Ние брзо ги продолжуваме истражувањата за вакцинирање. Нашиот вкупен број на вакцинирани лица се приближи на 59 милиони“.

Истакнувајќи дека туристичкиот сектор работи со полна брзина и дека нема проблем во производството и извозот, Ердоган рече:

„Во 2021 година ќе го срушиме рекордот на сите времиња со зголемување на извозот на над 200 милијарди американски долари“.

Изразувајќи дека Турција ќе докаже дека е растечка економија во светот со стапката на раст што ќе ја достигне во 2021 година, Ердоган рече:

„Ние фрламе цврсти чекори напред во економијата на патот за изградба на голема и моќна Турција. Сега, Турција е на чекор да влезе во највисоката лига на светот од политички и економски аспект. Кога ќе ги оствариме  проектите на нашата агенда, тогаш целосно ќе изградиме голема и моќна Турција“.

Ердоган, исто така, изјави дека по повод 20-ти јули, Денот на мирот и слободата ќе ја посети Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Ние исто така ќе му ја испратиме пораката на целиот свет дека сме со ТРСК на најсилен начин во потрагата по правата и правдата“.



Слични вести