Турција во првата половина на годината спаси 5.693 нерегуларни мигранти

Екипите на турската Крајбрежна стража во периодот од 6 месеци во 2021 година спасија од морето и извадија на копно 5.693 нерегуларни мигранти кои се обидуваа од егејските и средоземноморските крајбрежја да заминат во странство по незаконски патишта

1674159
Турција во првата половина на годината спаси 5.693 нерегуларни мигранти

Турција во првата половина на годината спаси 5.693 нерегуларни мигранти кои беа турнати (присилно вратени) назад или беа заглавени во морето.

Екипите на турската Крајбрежна стража во периодот од 6 месеци во 2021 година спасија од морето и извадија на копно 5.693 нерегуларни мигранти кои се обидуваа од егејските и средоземноморските крајбрежја да заминат во странство по незаконски патишта и од кои поголемиот дел од страна на грчките елементи беа турнати (присилно вратени) назад.

Според податоците на интернет страницата на Командата на крајбрежната стража, во периодот јануари-јуни од страна на екипите се спасени 4.670 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи беа турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите за крајбрежна стража им пристигнаа на помош и на 1.023 мигранти кои при обид да заминат во странство по незаконски патишта се соочија со дефект на моторот на нивните гумени чамци, се насукаа на карпите или нивните чамци почнаа да пропуштаат вода во морето.   

Исто така надвор од операциите за спасување и во реализираните операции за спречување на незаконските премини, екипите во првата половина на годината фатија 1.243 нерегуларни мигранти и 29 лица со обвинување дека ги организираат незаконските премини.

Најголем број реализирани операции кон нерегуларните мигранти кои биле турнати (присилно вратени) назад или беа заглавени во морето се реализирани во округот на градот Измир. 

Во периодот јануари-јуни од страна на екипите за спасени 261 нерегуларен мигран кои останале заглавени во морето во близина на Измир поради различни причини, а воедно екипите на турската крајбрежна стража им отрчаа на помош и на 2.120 нерегуларни мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца, а на кои од страна на грчките елементи им беа извадени моторите на чамците и беа остане на смрт во морето качени на нивните гумени чамци или со спасувачки елеци. 

Во реализираните операции кон оние кои се обидуваа по незаконски патишта да заминат во странство од крајбрежјата кај градот Измир пак, се фатени 434 нерегуларни мигранти и 6 мина турски државјани.

Екипите на Командата на крајбрежната стража спасија турнати (присилно вратени) назад или заглавени нерегуларни мигранти 1.188 во Чанаккале, 1.099 Баликесир, 587 Мугла и 391 во Ајдин, а во операциите при обид за незаконски премин фатија 412 нерегуларни мигарнти во Мугла и 327 во Чанаккале.

Од страна на екипите во Анталија, Мерсин и Едирне се спасени 47 заглавени нерегуларни мигранти, а 70 нерегуларни мигранти се фатени при обид да заминат во странство по незаконски патишта. 

 



Слични вести