Средбите и разговорите на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Кувајт

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се состана со вршителот на должноста емир и принцот престолонаследник на Кувајт Шејх Меш'ал Ал Џабир Ал Сабах, како и со кувајтскиот премиер Шејх Сабах Ал Халид Ал Хамад Ал Сабах.

1674124
Средбите и разговорите на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Кувајт

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во придружба на многучлена парламентарна делегација вчера отпатува во посета на Кувајт.

Шентоп се состана со вршителот на должноста емир и принцот престолонаследник на Кувајт Шејх Меш'ал Ал Џабир Ал Сабах, како и со кувајтскиот премиер Шејх Сабах Ал Халид Ал Хамад Ал Сабах.

Мустафа Шентоп утрово во Сарајот Бејан најпрвин се состана со вршителот на должноста емир и принцот престолонаследник на Кувајт Шејх Меш'ал Ал Џабир Ал Сабах.

Средбата траеше половина час.

Потоа, Шентоп имаше средба со кувајтскиот премиер Шејх Сабах Ал Халид Ал Хамад Ал Сабах, а ќе го посети и претседателот на Националното Собрание на Кувајт Марзук Али Ал Ганим.

Претседателот на  Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на своите средби и разговори во Кувајт ќе го посети и Музејот на исламски дела и калиграфија Тарик Реџеп.



Слични вести