Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп отпатува во посета на Кувајт

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на својата посета на Кувајт ќе оствари низа средби и разговори по што утре ќе се врати во земјата

1673667
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп отпатува во посета на Кувајт

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп отпатува во официјална посета на Кувајт кадешто ќе оствари низа средби и разговори.

Шентоп во Сарајот Бејан ќе се состане со вршителот на должноста емир и принцот престолонаследник на Кувајт Шејх Меш'ал Ал Џабир Ал Сабах, а потоа ќе оствари средба со кувајтскиот премиер Шејх Сабах Ал Халид Ал Хамад Ал Сабах.

Мустафа Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба потоа во Националното Собрание на Кувајт ќе го посетат претседателот на Националното Собрание Марзук Али Ал Ганим.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп потоа ќе се состане и со министерот за надворешни работи на Кувајт и министер одговорен за прашања со владиниот кабинет Шејх Доктор Ахмед Насир Ал Мухамед Ал Сабах, по што ќе ги заврши своите средби и разговори и утре ќе се врати во земјата.

 



Слични вести