Порака од ЕУ за силна соработка во финансиските политики со земјите од Западен Балкан и Турција

Европската унија (ЕУ) даде порака за силна соработка во финансиските политики со земјите од Западен Балкан и Турција

1674184
Порака од ЕУ за силна соработка во финансиските политики со земјите од Западен Балкан и Турција

На одржаниот состанок на кој учествуваа функционери на Европската унија (ЕУ), земјите од Западен Балкан и Турција е дадена порака за силна соработка во финансиските политики.

Состанокот за економски и финансиски дијалог меѓу Европската унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан и Турција се одржа во виртуелна средина, преку интернет, со учество на функционери на Европската комисија (ЕК), Европската Централна банка (ЕЦБ), Централната банка на Република Турицја (ТЏМБ) и од земјите на Западен Балкан.  

Во завршната декларација објавена од страна на Европскиот совет се истакнува дека состанокот има за цел Западен Балкан и Турција да бидат подготвени за приклучување кон Европската унија (ЕУ), во иднина.

Во декларацијата се потестува на значењето на силната солидарност меѓу Европската унија (ЕУ), Западен Балкан и Турција по прашањето на медицинската и финансиската помош во борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус, а воедно се изнесува следната констатација: „Учесниците ги дочекаа со задоволство прифатените, навремено донесените општи мерки за финансиска и монетарна поддршка за намалување на економските рефлексии на кризата од страна на Западен Балкан и Турција.“

Во декларацијата се истакнува дека кога ќе се погледне вон долгорочното влијание на кризата учесниците се договорија по прашањето да поддржи среднорочното економско опоравување и дијалогот за економска политика да продолжи да одигрува централна улога за воспоставување на заедничкото договорено политичко водство. 

Во декларацијата воедно се нагласува дека учесниците ја потцртале својата приврзаност кон економскиот и финансискиот дијалог.

На состанокот во име на земјите од Западен Балкан учествуваа функционери на Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија, како и на Турција.

 



Слични вести