Ердоган: Една по една се истураат дамките на срамот во историјата на оние од Европа до Канада

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на Младинскиот самит на Турција рече: „Една по една се истураат дамките на срамот во историјата на оние од Европа до Канада, кои во секоја прилика ни даваат совети за човекови права, демократија, слобода“

1674113
Ердоган: Една по една се истураат дамките на срамот во историјата на оние од Европа до Канада

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на Младинскиот самит на Турција во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата, во Бештепе, во Анкара, меѓу другото се осврна и на комеморацијата за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница на 26-годишнината од геноцидот.

Тој рече: „Вчера, на одбележувањето на 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, им посакувам милост од Аллах на моите Бошњачки браќа кои станаа шехиди (ги загубија своите животи).“

Велејќи дека овој извршен масакр пред очите на Обединетите нации (ОН) во центарот на Европа, е врежан како црна дамка во историјата на човештвото, претседателот Ердоган го подвлече следното: „Се уште продолжува да крвари во нашите срца раната на нашите 8.372'јца браќа кои беа ѕверски масакрирани. Со секоја пронајдена масовна гробница повторно крварат нашите рани (стануваат свежи нашите рани). Тие гробници не потсеќаат за нашата одговорност да не го заборавиме и да не дозволиме да биде заборавен геноцидот. 

Мораме да го направиме тоа за да не ги доживееме уште еднаш сличните болки и за да се соочи Западот со вистината за геноцид. Една по една се истураат дамките на срамот во историјата на оние од Европа до Канада, кои во секоја прилика ни даваат совети за човекови права, демократија, слобода.“



Слични вести