Ердоган: Турција како досега така и денеска и утре ќе продолжи да стои покрај своите Бошњачки браќа

Претседателот Ердоган во видео пораката што ја испрати по повод одбележувањето на 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, истакна дека Турција како вчера (досега) така и денеска и утре ќе продолжи да стои покрај своите Бошњачки браќа

1673550
Ердоган: Турција како досега така и денеска и утре ќе продолжи да стои покрај своите Бошњачки браќа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака за комеморацијата што се одржа по повод одбележувањето на 26-годишнината од геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина.

Претседателот Ердоган во видео пораката истакна дека Турција како вчера (досега) така и денеска и утре ќе продолжи да стои покрај своите Бошњачки браќа.

Ердоган во својата порака нагласи дека и покрај тоа што изминаа 26 години раните коишто Сребреница ги отвори во срцата сè уште продолжуваат да крварат.

Потцртувајќи дека застанувајќи во одбрана на аманетот на покојниот Алија Изетбеговиќ нема да дозволат да се заборави овој геноцид, претседателот Ердоган рече: „Никако нема да дозволиме оваа црна дамка во историјата на Европа и на човештвото (геноцидот во Сребреница) да се потисне и остави во втор план.“

Претседателот Ердоган ги повика сите политичари да се спротивстават на реториките коишто содржат омраза, насилство и дискриминација и да се обединат околу заеднички човечки вредности.

„Од крајно големо значење е да се одбранат внатрешниот мир и спокојството на Босна и Херцеговина, раскрсницата на различни верувања, култури и етнички идентитети. Стабилноста на секоја област во земјата е значајна за стабилноста на Босна и Херцеговина, а стабилноста на Босна и Херцеговина е неопходна за цела Европа и пред се за Балканот. Наша заедничка задача е сите заедно да го сносиме товарот на оваа одговорност којашто ни е дадена од историјата и да го воспоставиме трајниот мир на овие територии. Турција како вчера (досега) така и денеска и утре ќе продолжи да стои покрај своите Бошњачки браќа. На нашите честити шехиди уште еднаш им посакувам милост од Аллах. Господ да не даде уште еднаш да се соочите и вие, да се соочиме и ние, со вакви болки.“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката што ја испрати на коменирациите по повод одбележувањето на 26-годишнината од извршениот геноцид во Сребреница. 

 

 



Слични вести