Чавушоглу објави порака по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавената порака на својот профил на Твитер по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница го напиша следното: „Геноцидот во Сребреница, не го заборавивме, нема да го заборавиме“

1673543
Чавушоглу објави порака по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа, по Втората светска војна.

Чавушоглу во пораката го истакна следното: „На 26-годишнината од геноцидот во Сребреница којшто претставува црна дамка во човечката историја, на оние кои станаа шехиди (загинаа) во овој зулум (ова злосторство) им посакувам милост од Аллах, им посакувам трпение на нивните семејства и на нашите Бошњачки браќа.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно и под фотографијата што ја сподели заедно со пораката, го напиша следното: „Геноцидот во Сребреница, не го заборавивме, нема да го заборавиме“.

Што се случи во Сребреница?

Инаку, за време на војната во Босна, Сребреница која од страна на Обединетите нации (ОН) беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

 



Слични вести