Ердоган: Ги донесовме одлуките за тоа која ќе биде задачата на Турција во Авганистан

Претседателот Ердоган во врска со разговорите помеѓу Турција и САД по прашањето на Авганистан, го рече следното: „Ги донесовме одлуките за тоа која ќе биде задачата на Турција, што прифаќаме, а што не прифаќаме во Авганистан“

1672950
Ердоган: Ги донесовме одлуките за тоа која ќе биде задачата на Турција во Авганистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го посети градот Дијарбакир кадешто по клањање на џума намаз (петочната молитва) одговараше на прашањата на новинарите.

Претседателот Ердоган во врска со повлекувањето на американските сили од Авганистан и разговорите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за безбедноста на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град Кабул, го рече следното: „Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и нашиот министер за национална одбрана Хулуси Акар ги одржаа своите разговори. Во моментов разговараме со САД, како и со НАТО. Ги донесовме одлуките за тоа која ќе биде задачата на Турција, што прифаќаме, а што не прифаќаме во Авганистан. Го забележавме сето тоа."

Ердоган продолжи со зборовите: „За овие прашања разговаравме на преговорите за време на Самитот на НАТО како лице в лице со американскиот претседател Џо Бајден, така и на меѓуделегациските разговори, со што чекорот во Авганистан ќе го фрлиме на најидеален начин.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на процесот на вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција.

Велејќи дека бројот на администрираните вакцини надмина 58 милиони дози, претседателот Ердоган рече: „Досега имаме администрирани повеќе од 58 милиони дози вакцини. Наскоро оснивачките партнери на БиоНТек проф. д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи ќе бидат наши гости. На тој начин ќе ја доловиме и можноста да се фрли многу посериски чекор со БиоНТек.“

 



Слични вести