Се обидуваме да ги исполниме барањата на граѓаните за подобрување на квалитетот на животот

Во периодот 2003-2019 година, во еден милион 173 илјади згради, изградени се 11 милиони 320 илјади станови

1672048
Се обидуваме да ги исполниме барањата на граѓаните за подобрување на квалитетот на животот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека се обидуваат да ги исполнат барањата на граѓаните за подобрување на квалитетот на животот во сите полиња.

Претседателот Ердоган одржа говор на свеченото предавање на завршените станбени згради на нивните сопственици во главниот град Анкара.

Нагласувајќи дека прекумерното зголемување на урбаното население по одредено време предизвика неопходно брзо и масовно да се изградат станови во Турција, Ердоган рече: Во периодот 2003-2019 година, во еден милион 173 илјади згради, изградени се 11 милиони 320 илјади станови. Оваа табела покажува дека последните 19 години се од клучно значење во решавањето на станбениот проблем на Турција.

Истакнувајќи дека прават напори да ги исполнат барањата на граѓаните да го зголемат квалитетот на животот во сите полиња со разбирање за духот на времето, Ердоган рече: „Денес, нашата нација сака хоризонтална урбанизација, градови што произведуваат вредност, кои ја  оживуваат нашата цивилизација и ја почитуваат животната средина. Тие сакаат транспарентно управување со градот и со градот да управуваат заедно со градоначалникот.



Слични вести