Октај. „Се залагаме да изградиме што е можно посилна ТРСК“

20 јули е важен датум; тоа е датум кога нашите браќа на Северен Кипар и кипарските Турци беа ослободени

1672102
Октај. „Се залагаме да изградиме што е можно посилна ТРСК“

 

Потпретседателот Фуат Октај рече: „Се залагаме да изградиме што е можно посилна Турска Република Северен Кипар (ТРСК) која ќе стои на свои нозе и ќе произведува“.

Фуат Октај во рамките на посетата на ТРСК го посети премиерот Ерсан Санер.

Наведувајќи дека посетата има за цел да се остварат потребните подготовки пред посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на ТРСК по повод 20 јули, Денот на мирот и слободата и да ги видат тековните проекти на терен, Октај изјави дека ќе ја проценат најновата состојба и ќе направат проценки на чекорите што треба да се презема во врска со активностите.

Октај на администраторите на ТРСК и на јавноста им ги пренесе поздравите и искрените желби на претседателот Ердоган. Октај рече:

„20 јули е важен датум; тоа е датум кога нашите браќа на Северен Кипар и кипарските Турци беа ослободени. Тоа е датум кога заврши играта на кипарските Грци и Грците од Грција, менталитетот (на вооружената организација на кипарските Грци) ЕОКА и многу различните соништа за Енозис (поврзување на Кипар со Грција), а кои се обидуваат да го одвојат првичниот сопственик, Кипарските Турци од својата 500-годишна историја на Островот, кои се обидоа  кипарските Турци да го претворат во малцинство и да ги узурпираат нивните права. Сега окупаторите се зафатени со обиди да ги искриват и да ги покажат фактите поинаку и тие никогаш нема да успеат во ова. Кипарските Турци се главниот елемент на Островот, оние што ќе го окупираат ова место, тоа ќе имаат можност го видат еден ден. Затоа, нашето верување и мисла се заснова на две подеднакво суверени држави и нашиот договор со ТРСК по ова прашање е најјасната порака што од тука ја испраќаме на светот“.

Премиерот Санер рече: „ТРСК верува дека кога дејствуваме заедно со Турција, нема ништо што не можеме да сториме заедно на оваа географија. Заштитата на правата и интересите на турската нација, особено на Сината татковина, се меѓу најважните должностите на владата на ТРСК. Заедничкото дејствување со матичната земја Турција ни дава дополнителна сила.



Слични вести