Реакција од Турција на нападот врз турското знаме во градот Тобрук во Либија

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич одговори писмено на едно поставено прашање во врска со извршениот грозен напад врз турското знаме што беше извршен пред зградата на Претставничкото Собрание на Либија во градот Тобрук

1671131
Реакција од Турција на нападот врз турското знаме во градот Тобрук во Либија

Турција жестоко го осуди грозниот напад врз турското знаме што беше извршен пред зградата на Претставничкото собрание на Либија во градот Тобрук.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич одговори писмено на едно поставено прашање и во врска со овој грозен чин го истакна следното: „Жестоко го осудуваме грозниот чин врз нашето знаме пред привремената зграда на Претставничкото Собрание во градот Тобрук во Либија, за време на разговорите за буџетот на 5 јули 2021 година.“

Билгич потсети дека веднаш откако беше дознаено за овој грозен чин од страна на Амбасадата на Турција во Триполи беа преземени неопходните писмени и усмени иницијативи кај либиското Министерство за надворешни работи.

Велејќи дека било побарано да не биде дозволено да дојде до повторување на вакви видови провокации и слични настани, како и да бидат преземени неопходните мерки за тоа, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танжу Билгич го додаде следното: „Јасно стои дека нападот за којшто станува збор цели против турско-либиското пријателство. Истакнуваме дека никако не ќе можат да ја постигнат својата цел овие напади врз нашето знаме кое ги претставува нашата независност и нашите свети вредности и дека ќе го добијат потребниот одговор пред се од страна на пријателскиот и братски либиски народ.

Инаку, припадниците на окупаторските сили на Халифа Хафтар завчера со провокативна цел поставија турски знамиња на патот по којшто требаше да помине конвојот на либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе за време на неговата посета на градот Тобрук.
 



Слични вести