Порака со сочувство од Чавушоглу по повод убиството во атентат на претседателот на Хаити Моиз

Чавушоглу на својот профил на Твитер напиша: „Со големо жалење дознав за предавничкото, подло убиство на претседателот на Хаити Жовенел Моиз кого како последно го пречекавме во нашата земја по повод Дипломатскиот форум Анталија. Нека почива во мир.“

1671656
Порака со сочувство од Чавушоглу по повод убиството во атентат на претседателот на Хаити Моиз

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака со сочувство за претседателот на Хаити Жовенел Моиз кој го загуби животот во извршен атентат во неговиот дом од страна на неидентификувани вооружени лица.

Чавушоглу во пораката со сочувство го напиша следното: „Со големо жалење дознав за предавничкото, подло убиство на претседателот на Хаити Жовенел Моиз кого како последно го пречекавме во нашата земја по повод Дипломатскиот форум Анталија. Нека почива во мир.“ 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изрази своето сочувство до семејството на претседателот Моиз и до пријателскиот народ на Хаити.“



Слични вести