Порака од претседателот Ердоган до папата Франциск за што побрзо закрепнување по операцијата

„По повод вашето оперирање за коешто дознав дека поминало успешно, во име на мојот народ и во мое лично име ви посакувам што побрзо оздравување во периодот на нега и закрепнување“ - напиша претседателот Ердоган во испратената порака до папата Франциск

1671063
Порака од претседателот Ердоган до папата Франциск за што побрзо закрепнување по операцијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати порака до духовниот лидер на католиците папата Франциск кој беше опериран од дебелото црево.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во испратената порака го истакна следното: „По повод вашето оперирање за коешто дознав дека поминало успешно, во име на мојот народ и во мое лично име ви посакувам што побрзо оздравување во периодот на нега и закрепнување, за да се стекнете што побрзо со вашето здравје.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му посака на папата Франциск здравје и радост.



Слични вести