Министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговараше со својата шпанска колешка Роблес Фернандез

Министерството за национална одбрана објави соопштение во кое се истакнува дека министерот Хулуси Акар оствари „позитивен и конструктивен“ телефонски разговор со својата шпанска колешка, министерката за одбрана Маргарита Роблес Фернандез

1671626
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговараше со својата шпанска колешка Роблес Фернандез

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со својата шпанска колешка, министерката за одбрана Маргарита Роблес Фернандез.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со разговорот за којшто се вели дека поминал „позитивно и конструктивно“ се истакнува следното: „Освен за прашања посветени на НАТО и Европската унија (ЕУ) беа разменети мислења и во однос на регионални одбранбено безбедносни прашања и соработката во одбранбената индустрија, вклучувајќи ги и билатералните односи и Авганистан.“

 



Слични вести