Билатерални средби на Чавушоглу во Вилнус, Литванија на 4. Конференција за реформи во Украина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Вилнус, главниот град на Литванија се состана со министрите за надворешни работи на Естонија, Унгарија и Литванија, Ева-Марија Лиметс, Петер Сијарто и Габриелиус Ландсбергис

1671648
Билатерални средби на Чавушоглу во Вилнус, Литванија на 4. Конференција за реформи во Украина
cavusoglu 1.jpeg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Вилнус, главниот град на Литванија кадешто отпатува за 4. Конференција за реформи во Украина, оствари одделни средби со министрите за надворешни работи на Естонија, Унгарија и Литванија.

Чавушоглу во направената проценка на средбите на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со средбата со министерката за надворешни работи на Естонија Ева-Марија Лиметс го истакна следното: „Имаме за цел со меѓусебни посети да ги зајакнеме нашите односи.“ 

Остварената средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, Чавушоглу ја образложи споделувајќи ја пораката „Со мојот пријател Петер Сијарто остваривме продуктивна средба заснована на нашите билатерални односи и нашата соработка во однос на регионални прашања.“ 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со средбата со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис ја изнесе следната проценка: „На Ландсбергис со кого разговаравме за нашата билетарлна соработка му се заблагодарив за организирањето на 4. Конференција за реформи во Украина.“



Слични вести