Турција и Пакистан одлучија да ја зголемат воената соработка на чело со обуката и борбата против тероризмот

Командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар кој престојува во официјална посета на Пакистан во Исламабад се состана со својот пакистански колега генерал на армија Камар Џавид Баџва

1670416
Турција и Пакистан одлучија да ја зголемат воената соработка на чело со обуката и борбата против тероризмот

Командантите на копнените сили на Турција и Пакистан постигнаа согласност по прашањето на зголемување на воената соработка на чело со обуката и борбата против тероризмот.

Командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар кој престојува во официјална посета на Пакистан во Исламабад се состана со својот пакистански колега генерал на армија Камар Џавид Баџва.

На средбата, двајцата команданти Дундар и Баџва,  разговараа за билатералните односи и притоа ја нагласија соработката во сферите на одбраната и безбедноста помеѓу Турција и Пакистан.

Командантот на пакистанските копнени сили генерал на армија Камар Џавид Баџва привлече внимание дека неговата земја им придава големо значење на братските односи со Турција.

Двајцата команданти, Умит Дундар и Камар Џавид Баџва се договорија за зголемување на воената соработка помеѓу Турција и Пакистан, на чело со обуката и борбата против тероризмот.

Инаку, командантот на пакистанските копнени сили генерал на армија Камар Џавид Баџва во месец јуни престојуваше во посета на Турција.



Слични вести