Потпретседателот Фуат Октај утре ќе отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај во Лефкоша се очекува да се состане и со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и премиерот Ерсан Санер

1671012
Потпретседателот Фуат Октај утре ќе отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај утре ќе отпатува во дводневна работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кадешто ќе оствари низа разговори и посети.

Октај ќе направи увид на лице место на работите за изградба на северната обиколница на Лефкоша и ќе ги разгледа работите за реставрација коишто се врши во Месџидот Билал Ага, а воедно ќе се состане и со жителите на селата Јениеренќој и Бафра.

Потпретседателот Фуат Октај во Лефкоша се очекува да се состане и со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и премиерот Ерсан Санер.

Октај исто така ќе учествува и на церемонијата на предавање на новите возила и материјали на полициската дирекција, како и на Младинската средба што ќе се одржи во Големиот Хан во Лефкоша.



Слични вести