Акар: Безбедноста на аеродромот во Кабул е од големо значење за иднината на авганистанскиот народ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека воспоставувањето на безбедноста и управувањето со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, во Авганистан е од големо значење од аспект на иднината на авганистанскиот народ

1670864
Акар: Безбедноста на аеродромот во Кабул е од големо значење за иднината на авганистанскиот народ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, денеска во дадената изјава во Анкара го окарактеризира Авганистан како „Срце на Азија“ и земја од критично значење.

Акар истакна дека во врска со прашањето за управување и воспоставување на безбедноста на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, Кабул, утре ќе остварат телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Велејќи дека Турција уште од моментот на почетокот на својата прва задача во 2002 година во рамките на резолуциите на Обединетите нации (ОН) продолжува да придонесува за Меѓународните сили за безбедност на НАТО, а од 2015 година за Мисијата Одлучна поддршка на НАТО, Хулуси Акар појасни дека Турските вооружени сили (ТВС) во моментов продолжуваат да ја извршуваат својата задача во Командата за обука, помош и советување во Кабул. 

Акар нагласи дека воспоставувањето на безбедноста и управувањето со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул е од големо значење од аспект на иднината на авганистанскиот народ.

Укажувајќи дека Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ 6 години како е управуван од страна на Турција, Акар рече: „Аеродромот треба да биде отворен, треба да функционира. Свесни сме за тоа. Доколку аеродромот не работи, ќе се повлечат амбасадите и во таква состојба Авганистан ќе стане изолирана држава и ќе доживее мошне сериозни проблеми од аспект на меѓународните односи. Сакаме да обезбедиме погоден резултат за интересите на нашата земја и на Авганистан. Нашата цел е да ги продолжиме нашите придонеси за безбедноста, спокојството и просперитетот на нашите авганистански браќа.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека во тие рамки утре ќе оставарат телефонски разговор со неговиот американски колега, секретарот за одбрана Лојд Остин.

 



Слични вести