Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1669989
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Силни, одлучни, способни! Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат да влегуваат во дупките (пештерите) на терористите на ПКК и да ги неутрализираат. Од страна на нашите хеликоптери АТАК се неутрализирани двајца терористи на ПКК кои се установени во подрачјето на операцијата 'Шепа-Молња“ во северниот дел на Ирак.“

 



Слични вести