Ердоган: За прв пат во нашата историја ќе фрлиме потпис на извоз од над 200 милијарди долари

Претседателот Ердоган рече: „На крајот на годината за прв пат во нашата историја ќе фрлиме потпис на извоз од над 200 милијарди долари“

1670323
Ердоган: За прв пат во нашата историја ќе фрлиме потпис на извоз од над 200 милијарди долари
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabinesi Toplantısı Açıklama.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Cumhurbaşkanlığı Kabinesi Toplantısı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара се појави пред камерите и даде изјави посветени на бројни прашања.

Претседателот Ердоган во врска со бројките на економски раст коишто се очекуваат за вториот квартал на годината рече: „Водечките индикатори, со ставање во примена и на основниот ефект укажуваат на годишен раст во износ од околу 20 отсто.“

Осврнувајќи се и на бројките во извозот, претседателот Ердоган го истакна следното: „Во првите 6 месеци, во споредба со минатата година е остварен раст во извозот во износ од 40 отсто. На крајот на годината за прв пат во нашата историја ќе фрлиме потпис на извоз од над 200 милијарди долари.“

По прашањето на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Сите наши граѓани, сите над 18 годишна возраст, ги повукувам што поскоро да ги закажат своите термини за вакцинација и да се одбранат себе сѝ и своите блиски од оваа неволја.“
 



Слични вести