Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 35 лица, регистрирани се 4.678 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 35 лицa, направени се 219.737 тестирањa од кои дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 4.678 лица

1670306
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 35 лица, регистрирани се 4.678 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 35 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.959. 

Во изминатите 24 часа се направени 219.737 тестирања, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 4.678.

Заврши лекувањето на уште 4.735 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 319 илјади 665 лица.

Во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа се администрирани вкупно 1 милион 051 илјада 537 од правата, втората и третата доза вакцини.

Според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 05 јули 2021 година, понеделник во 22:35 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19, достигна до вкупно 53 милиони 743 илјади 554 дози од кои 36 милиони 289 илјади 164 лица се вакцинирани со првата доза, а 15 милиони 887 илјади 069 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести