Заврши заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“

На заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“ учествуваа приближно 40 тенкови и оклопни возила, приближно 20 топови, 7 воени хеликоптери и транспортни хеликоптери, 50 возила и беспилотни летала

1669294
Заврши заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“

Заврши заедничката воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“ на Вооружените сили на Турција и Азербејџан која беше планирана во рамките на воената соработка помеѓу двете земји.

Според објавеното од Министерството за одбрана на Азербејџан, воените единици успешно ги реализираа сите свои задачи во рамките на заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“ чија основна цел беше да се извежба интеракцијата на армиите на двете земји за време на борбените операции и да се подобрат вештините на командантите за одлучување и управување, како и да се реализираат различни воени задачи.

На воената вежба учествуваа приближно 40 тенкови и оклопни возила, приближно 20 топови, 7 воени хеликоптери и транспортни хеликоптери, 50 возила и беспилотни летала, при што беа реализирани напади врз импровизираните непријателски цели и утврдените цели беа уништени со голема прецизност.

На војниците кои постигнаа успех на воената вежба од страна на високи офицери им беа доделени различни награди и подароци.

Заедничката воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“ на Вооружените сили на Турција и Азербејџан на која учествуваа 600 војници започна на 28 јуни и траеше во текот на 7 дена.



Слични вести