Турција меѓу 10-те земји во светот кои можат да го дизајнираат, градат и одржуваат сопствениот воен брод

Заменик министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир истакна дека денеска Турција се наоѓа меѓу 10-те земји во светот кои можат да го дизајнираат, градат и одржуваат сопствениот воен брод

1669001
Турција меѓу 10-те земји во светот кои можат да го дизајнираат, градат и одржуваат сопствениот воен брод

Заменик министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир учествуваше на седницата посветена на Стратегијата за Сината татковина којашто се одржа во рамките на Самитот за поморство на Турција во Бродоградилиштето во Истанбул, а под водство на Министерството за транспорт и инфраструктура.

Каџир во говорот што го одржа овде истакна дека денеска Турција се наоѓа меѓу 10-те земји во светот кои можат да го дизајнираат, градат и одржуваат сопствениот воен брод и напомена дека тоа претставува успех на Турција и на нејзината индустрија.

Каџир рече: „Турција се наоѓа меѓу 10-те земји кои можат да го дизајнираат, градат и одржуваат сопствениот воен брод.“

Велејќи „Како земја која од три страни е опколена со мориња во текот на историјата бевме претенциозни да ја изградиме нашата цивилизација, да го продолжиме нашето постоење и да располагаме со силна морнарица“, заменик министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир го рече следното: „Ние сме народ кој одгаил безброј јуначки морнари и сме внуци на нашите предци кои ставиле потпис на голем број извојувани поморски победи.“



Слични вести