СЗО: Делта варијантата на Ковид-19 идентификувана во приближно 100 земји и области во светот

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во дадената изјава соопшти дека делта варијантата на Ковид-19 за која е утврдено дека е многу позаразна е идентификувана во најмалку 98 земји и области во светот

1669076
СЗО: Делта варијантата на Ковид-19 идентификувана во приближно 100 земји и области во светот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека делта варијантата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која се појави во Индија (т.н. индиски сој на коронавирусот) е идентификувана во приближно 100 земји и области во светот.

Според веста на Глобалната телевизиска мрежа на Кина (CGTN), генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во дадената изјава соопшти дека делта варијантата на Ковид-19 за која е утврдено дека е многу позаразна е идентификувана во најмалку 98 земји и области во светот и предупреди дека продолжува да се развива, мутира и да станува доминантен коронавирус во многу земји.

„Веќе ги повикав лидерите во целиот свет да обезбедат во ова време догодина околу 70 отсто од населението во сите земји да бидат вакцинирани. Со тоа ефикасно ќе заврши акутната фаза на пандемијата.“ - рече Гебрејесус.

Велејќи дека делта варијантата продолжува да се шири со голема брзина во земјите кадешто вакцинацијата е и со низок и со висок процент, генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус додаде дека делта варијантата е опасна и дека продолжува да се шири и да мутира.

Инаку, богатите земји како што се Велика Британија, САД, Франција и Канада иако ветија дека ќе донираат една милијарда дози вакцини против Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека за да се имунизира светот се потребни 11 милијарди дози вакцини.

 



Слични вести